„Иванов“ од Чехов- четврта премиера на Битолскиот театар
Претставата „Иванов“ од Чехов, во режија на гостинот од Русија, Александар Бергман е четвртата премиера на битолскиот театар за годинава. Ова дело е резултат на долгогодишната соработка меѓу режисерот и раководството на театарот. Проектот е поддржан од Министерството за култура...

Пиесата „Иванов“ од Чехов, а во режија на Александар Бергман е антологиска приказна за случувањата во едно социјално семејство која на момети е тажна и смешна.
Ова е прва премиера во Македонија на еден од најпознатите во моментов режисери од руската театарска столица, Сант Петербург и е разултат на повеќегодишната соработка.
Бергман кој Битола ја запозна како актер, играјќи го еден од главните ликови во претставата на режисерот Александар Морфов во битолскиот ансамбал гледа голем потенцијал.
„Многу ми се допаѓа професионалниот однос. Овде нема лажни амбиции. Сите заедно правиме страшна работа. Со оваа претстава излегуваме и надвор. Првата станица е во Ростов“, вели режисерот Александар Бергман.
За дванаест члената актерска екипа во претставата доаѓа до израз актерскиот сензибилитет затоа што ликовите во Чеховиот текст се полнокрвни и вечно живеат.
„Убедена сум дека ако овој текст биде поставен и по 30 години, тој и тогаш ќе биде актуелен и можност за една исклучителна претстава. Тоа е текс кој ќе живее и понатаму“, вели младата актерка Маја Андоновска Илијевски.
„Самиот процес на подготовка на претставата беше одличен. Посакувам уште да трае, но вечерва е времето кога сработеното треба да го прикажеме“, вели актерот Александар Стефановски.
Со двете премиерни претстави „Иванов“ Битолскиот театар заминува на колективен годишен одмор оставајќи ја зад себе плодна полузезона со одиграни околу 150 претстави и настап на сите позначајни фестивали.
Стевче Митревски
