Лекарите од Клиниката Козле бараат разрешување на в.д. директорката Симоновска
Лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ бара итно и неодложно разрешување на в.д. директорката Симоновска, по донесената последна одлука за отказно решение на д-р Веселинка Митровска Јосифовска, ОРЛ специјалист и бронхоскопист со долгогодишно искуство...

Лекарскиот колегиум бара докторката Веселинка Митровска-Јосифова, којашто добила отказ, да се врати на работа. Причината за отказот е што доктората била физички присутна во кабинетот за бронхоскопија кога се вршела интервенција на вадење туѓо тело од дишните патишта на дете.
Од Универзитетската клиника „Козле“ велат дрското однесување и попречување на работата е недозволено и мора да биде санкционирано без оглед за кого се работи.
„Јавноста треба да знае дека секое лекарско однесување надвор од лекарската етика, а особено при извршување оперативен зафат над малолетно лице, мора да се санкционира за да нема лоши последици за кои потоа реакцијата би била задоцнета“, стои во соопштението од Универзитетската клиника „Козле“.
Министерот Таравари вели ќе го разгледа случајот. Разрешување на состојбата од него побара и сопругот на докторката која доби отказ.
Минатиот месец триесет доктори од Клиниката за респираторни заболувања „Козле“ со писмо до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари бараа итно разрешување на директорката на болницата Каролина Симоновска, поради, според нив, самоволие.
Наташа Јанчиќ-Менковски
