Парно греењето ќе поскапи за 5,03 проценти
Регулаторната комисија ги разгледа барањата на трите ќерки-фирми на ЕСМ. Донесена е одлука – цената на парното ќе се зголеми за 5,03% проценти. Како причина се посочува поскапувањето на гасот и помалото учество на ТЕ-ТО во вкупното производство...

Околу 60.000 граѓани од утре ќе плаќаат сметки за парно греење повисоки за 5,03 проценти.
Вака одлучи Регулаторната комисија по деталните анализи направени по барањето на ЕСМ дистрибуција, производство и снабдување со топлинска енергија цената на парно греењето да порасне за 13, односно 20 отсто. Според проценките, сметките ќе бидат за околу 100 денари повисоки. Причина за поскапувањето според Бислимовски, е растот на цената на природниот гас на светските берзи.
Според последните анализи, цената на природниот гас на светските берзи е зголемена за 16 проценти, во последниот квартал од 2024, се продава по 43 евра по мегават час, во првиот месец од годинава е 52 евра.
Новата цена е на сила од први февруари. Бислимовски појасни дека причина за поскапувањето не е бројот на вработени во ЕСМ.
Викторија Милевска
