Трговија

Бојкот на маркетите, потрошувачите поделени

31.01.2025 16:12

Бојкот на маркетите поради високите цени и маржи. Бојкотот доаѓа по кампањите во Хрватска и неколку земји од регионот. Има поддршка од власта и од опозицијата...

Бојкот на маркетите и другите трговски синџири. Граѓаните револтирани од високите цени се воздржуваат од купување, бараат власта да преземе чекори за контрола на скапотијата.

Потрошувачите поделени, оние што ги сретнавме во маркетите не сакаа не нè беа расположени да коментираат, но во корпите можеше да се видат само основните производи.

Министерката за финансии апелира да се почитува Законот за нефер трговски практики. Ако се најде злоупотреба од некои институции, Димитриеска-Кочоска најави драконски казни.

Каков ќе биде прометот во трговијата денеска, од УЈП се очекуваат податоци. Трговците и коморите со апел да се најде системско решение преку дијалот.

Бојкотот се одвива по примерот на Хрватите но и други земји од регионот каде потрошувачите веќе неколку дена ги оставија маркетите празни.

 

Борис Грујоски