Со протест граѓаните побараа правда за Фросина и сите жртви од сообраќајни незгоди
Револтирани од трагедијата и од судската практика, граѓани на протест на местото каде загина 22-годишнта Фросина Кулакова. Бараат правда и институционална одговорност за несовесните возачи …

Пијан, без возачка дозвола, на црвено светло, на 20-годишниот возач кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино, ова не му бил не му бил прв прекршок – потврди Обвинителството. Во досието на возачот стои и дека ова не е прва сообраќајна несреќа што ја предизвикал, пред три години полесно повредил пешак, но се спогодиле со оштетената. Му се судело и за поседување дрога, судот пресудил да се ресоцијализација во поправен дом.
„Осомничениот на 31.07.20204 година бил првостепено осуден од судијата Даниела Алексовска Стојановска за две кривични дела-Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори, која пресуда заради неговата возраст, со неполни 20 години му изрекол воспитна мерка – Упатување во воспитно поправен дом“, велат од Кривичниот суд.
Судот ја укинал притворската мерка, на што Обвинителството поднело жалба. Шест месеци подоцна со несовесно возење ја усмртува младата девојка од Неготино.
Со положување цвеќе и палење свеќи на местото на загинувањето на Фросина, граѓаните ѝ одадоа почит на последната жртва во сообраќајот. Побараа правда за Фросина и овој пат сторителот да добие заслужена казна.
Граѓаните од местото на загинувањето на Фросина се упатија кон Собранието, Обвинителството и Кривичниот суд.
Ова не смее да заврши само со пишување гневни статуси на социјалните мрежи и протести што ќе траат неколку дена. Промените мора да бидат реални и секој во системот мора да ја понесе својата одговорност, напиша министерот за внатрешни работи Тошковски на Фејсбук
„Јавноста со право прашува како е можно лице кое е со криминално досие, без возачка дозвола, со голем број претходни прекршувања на сообраќајните правила повторно да биде зад воланот. Ова не е само несреќа. Таа е резултат на пропусти во системот. Не се само дилеми за дискусија, туку реален и сериозен проблем што бара конкретни и неодложни решенија“, вели министерот Тошковски.
Младата Фросина Кулавкова ќе остане потсетник што државата може да преземе за да се избегнат вакви трагедии со смртни последици.
Ирина Гелевска
