Тројца обвинители добија кривични пријави
Тројца обвинители меѓу кои и државниот Коцевски добија кривични пријави од нивниот колега Цветановски по одлуката за негова суспензија. Вели неговото отстранување од работа е обид да се интервенира со послушност. Од Обвинителството за МТВ велат дека не се запознаени...

Тројца обвинители, меѓу кои и државниот, добија кривични пријави од нивниот колега Цветановски. По одлуката за негова суспензија, тој ги пријави Коцевски, Стефанова и Вели за злоупотреба на службената положба бидејќи, како што смета, незаконски ја спровеле контролата во Вишото обвинителство. Цветановски оценува дека неговото отстранување од работа е обид да се истренира на послушност и да потклекне во случајот со бонусите на СЈО.
Од Обвинителството за МТВ велат дека не се запознаени за кривичните пријави коишто им ги поднел колегата.
„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија не е запознаен со таква пријава, ниту коментира наводи од такви пријави. Во однос на јавно изнесените наводи, јавниот обвинител се произнесе неколку пати, а Советот на јавните обвинители донесе и одлука дека притисок не е вршен“, велат од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.
Препирките меѓу државниот и вишите обвинители почнаа пред околу 4 месеци со случајот за бонусите во СЈО. Цветановски и неговиот шеф Хајрулахи тврдат дека Коцевски им вршел притисок, на кој тие не потклекнале и донеле одлука по сопствено убедување поради што сега се соочуваат со дисциплинска одговорност. Коцевски одговори дека обвинителите работеле нестручно и затоа против нив се води дисциплинска постапка.
Ана Јосифоска
