IN MEMORIAM
Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ
31.01.2025 17:45
По кусо боледување денеска на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ....

По кусо боледување денеска на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.
Томиќ долги години работеше како уредник во информативната редакција на Канал 5 телевизија. Тој остави значаен белег во своето известување и аналитички пристап.
Во новинарската кариера особено беше посветен на проблематиката на надворешната политика. Кариерата ја продолжи во приватниот маркетинг, задолжен за односите со јавноста.
Медиумските работници ќе го паметат Ѓорѓи Томиќ како исклучителен колега, професионалец и пријател.
