САД
Нова авионска несреќа во САД - шест лица загинаа при пад на авион во Филаделфија
01.02.2025 10:15
Во авионот што полетал од локалниот аеродром имало шест лица, двајца пилоти, двајца лекари, едно дете и негов роднина. Се стравува дека нема преживеани...

Уште една авионска несреќа во САД. Авион за итна медицинска помош се урна во Филаделфија, паѓајќи врз станбен блок, каде објектите се запалиле.
Во авионот што полетал од локалниот аеродром имало шест лица, двајца пилоти, двајца лекари, едно дете и негов роднина. Се стравува дека нема преживеани. Причините за падот на авионот сè уште не се познати.
Во четвртокот вечерта во близина на меѓународниот аеродром „Реган“ во Вашингтон се судрија цивилен авион и воен хеликоптер, при што загинаа сите 67 патници и членови на екипажите.
