ИЗРАЕЛ - ХАМАС

Хамас ослободи уште двајца заложници

01.02.2025 11:10

Според најавите, третиот заложник се очекува да биде ослободен подоцна на друга локација.

Палестинската милитантна група Хамас му ги предаде двајцата израелски заложници Јарден Бибас и Офер Калдерон на Црвениот крст во Кан Јунис, во Појасот Газа.

Според најавите, третиот заложник се очекува да биде ослободен подоцна на друга локација.

Израел пак, во текот на денот ќе ослободи 90 палестински затвореници, како дел од договорот за прекин на огнот со Хамас.