Прилеп

Се зголемува интересот на прилепските стопанственици за унгарскиот кредит

02.02.2025 13:39

Секојдневно се зголемува интересот на прилепските стопанственици за унгарскиот кредит. 25 компании имаат комплетна документација, преку 200 заинтересирани. Првите исплати, банките ги очекуваат овој месец...

Продолжување на инвестицискиот циклус, зголемување на извозот и подобрување на стандардот на вработените ќе овозможи поволниот унгарски кредит кој има грејс период од три години и ниска каматна стапка од 1,95 проценти.

Банките ги прават анализите на компаниите што се пријавуваат за кредитот.

Околу 200 компании од Прилепскиот регион пројавиле интерес, а реално, 25 во моментов се со целосна документација, подготвени за аплицирање. Тие би побарувале меѓу 17 и 20 милиона евра. Позитивно е што Владата ги прошири условите за аплицирање, и не само од производствената дејност и интересот расте.

Првите исплати од унгарскиот кредит за стопанствениците, банките ги очекуваат во текот на овој месец.

 

Елизабета Митреска