Обиди да се стави под контрола еболата во Африка
01.08.2014 11:30
Властите во Сиера Леоне и натаму се обидуваат да ја стават под контрола епидемијата на ебола. Безбедноснитесили под карантин ги ставаат загрозените центри. Им помагаат и на здравствените и хуманитарни работници да работат непречено, поради тоа што често се напаѓани од страна на локалните жители.
Во Нигерија пак, под надзор е состојбата на сите 59 лица кои што биле во контакт со американецот кој што почина од ебола во Лагос, откако претходно се превезувал со два преполни авиони.

Еболата во последниве неколку месеци во западна Африка одзеде 730 животи. Светската здравствена организација најави дека ќе почне да го реализира планот вреден 100 милиони долари за борба со еболата во западна Африка.