Продолжуваат протестите во Србија
Три месеци од трагедијата во Нови Сад, голем протест и блокада на сите три моста, Вучиќ не дава преодна влада и обвинува да Србија е нападната однатре и однадвор …

Огромен број студенти и граѓани од попладнево ги блокираа сите три моста во Нови Сад по повод три месеци од уривањето на настрешница на железничката станица во градот. Варадинскиот мост, Мостот на Слободата и Мостот на Жежељ ќе бидат блокирани три часа, а Мостот Слобода 24 часа. Ним им се придружија белградските студенти кои во четврток пеш тргнаа кон Нови Сад, но и голем број граѓани од Белград и сите краеви на Србија, земјоделци, просветни работници, културни работници, од сите професии.
Симболично блокадата со бројот три е изразување на незадоволството од временскиот период од трите месеци од трагедијата за која досега некој нема одговарано. Паралелно денес во знак на поддршка протести се најавени во 29 градови ширум Србија.
Вучиќ, кој се наоѓа во посета на Ресавската област, упати три важни пораки, дека Србија е нападната однадвор и однатре, дека зад тоа стојат странски служби, дека Косово е Србија, нема санкции кон Русија и дека ќе гради добрососедски односи со Кина.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
