Една недела гори градска депонија во Прилеп
Прилепската градска депонија веќе една недела гори. И не е првпат. Надлежните велат, намерно се пали, опозицијата обвинува, граѓаните го чувствуваат и живеат со загадувањето. Единствен спас е изградбата на регионалната депонија во југозападниот регион...

Една недела гори прилепската градска депонија кај Алинци. Со денови гаснат комуналците, пожарникарите, а напомош се и фирмите. Но, досега, сето е сведено на жаришта кои сè уште тлеат. Од прилепски „Комуналец“ велат дека намерно се пали.
Граѓаните го чувствуваат и живеат со загадувањето. Опозиционата СДСМ ги обвинува градските власти.
Единственото решение се бара во изградбата на Регионална депонија за Југозападниот регион со 19 општини, со седиште во општина Новаци. Оттаму стигна потврдата дека се прифаќа депонијата на нивно тло.
Ова е вторпат за година и половина да гори депонијата. И во двата случаи нема разрешница кој пали.
Елизабета Митреска
