Временска прогноза

Променливо облачно, кон крајот на денот повремени врнежи

02.02.2025 08:37

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец....

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од-2 до 4, а максималните од 7 до 14  степени Целзиусови .

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Минималната температура во главниот град ќе биде 3, а максималната 13  степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека денеска попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник преку денот ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа ќе преовладува стабилно и постудено време со ниски утрински температури, кои од среда насекаде ќе бидат под нула. Во понеделник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.