О Нил: Името мора да се реши во Генералното собрание на ОН
01.08.2014 11:35
Првиот медијатор во грчко- македонските разлики за името вели дека коментарите на Самарас за македонскиот јазик само покажале колку е непријателски односот на Грчката влада кон Македонија...

Вие сте Македонци, а вашиот јазик е македонски. По 20 тина години неуспешни преговори Македонија треба да побара признавање од страна на Генералното собрание, за членство во ОН под уставното име, изјави амбасадорот Робин О Нил и прв медијатор во грчко- македонскиот спор за програмата „Гласот на народот“ .
Во врска изјавата на грчкиот премиер Андонис Самарас дека македонскиот јазик е измилена творба на комунистите и дека никогаш не слушнал за таков јазик, британскиот дипломат, со критика: „Kомунизмот тврди дека измислил многу работи, но никогаш порано не сум слушнал дека измислил јазик“.
Во тој контекст, тој појаснува дека коментарите на Самарас за македонскиот јазик само покажале колку е непријателски односот на Грчката влада кон Македонија.
Можеби тој се надева дека со овие изјави ќе ја добие и поддршката од националистичките елементи од Бугарија. Ова покажува колку е лошо за Македонија да се допушти ваков нереален спор да се влече со години. Станува се потешко да се најде рационалното решение, вели О Нил.
Токму поради сето тоа, тој верува дека Македонија треба да побара помош од целата меѓународна заедница со обраќање до Генералното собрание на Обединетите нации, во кое ќе искаже благодарност на Нимиц и неговите напор во изминатите дваесетина години да го реши спорот, но и жалење што тие не довеле до каков било напредок кон решение.
