Канада
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини на САД
02.02.2025 11:44
Земјата ќе воведе тарифи од 25 насто на американски стоки увезени во Канада во вредност од 155 милијарди канадски долари...

Канадскиот премиер Џастин Трудо најави контрамерка на одлуката на Трамп за царини за Отава. Земјата ќе воведе тарифи од 25 насто на американски стоки увезени во Канада во вредност од 155 милијарди канадски долари.
Трудо на прес-конференција рече дека дел од царините за стоки од САД, во вредност од 30 милијарди канадски долари, ќе стапат на сила во вторник, а царините за сите други увезени стоки за 21 ден.
