Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за смртоносниот напад на интернатот во Суџа
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за смртоносен ракетен напад во кој загинаа најмалку четири лица во интернат во Суџа, во дел од Курскиот регион во Русија, што е под контрола на украинските сили...

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за смртоносен ракетен напад во кој загинаа најмалку четири лица во интернат во Суџа, во дел од Курскиот регион во Русија, што е под контрола на украинските сили.
Пет украински беспилотни летала, пак, се соборени во Русија во текот на ноќта, соопшти Министерството за одбрана.
Секој терористички напад од Русија ја покажува итната потреба од поголема поддршка од украинските партнери и зголемен притисок врз државата-агресор, вели украинскиот претседател Зеленски. Посочи дека ова е одговор на, како што ги оквалификува, терористичките злосторства од Русија.
