Проверка за дрога со тестови од аптека

15.12.2013 18:09

Тестовите за дрога што се продаваат во аптеките, со коишто родителите најчесто ги проверуваат своите деца, можат да покажат траги на опијати, кофеин, кокаин, амфетамини

Тестовите за дрога што се продаваат во аптеките, со коишто родителите најчесто ги проверуваат своите деца,  можат да покажат траги на опијати, кофеин, кокаин, амфетамини,  иако не користеле дрога, туку пиеле одредени газирани  сокови или земале таблети-велат стручњаците по форензична токсикологија.На пример, некои  аналгетици и Б-комплексот покажуваат траги на марихуана.Тониците,трамадолот,кафетинот  покажуваат опијати во крвта или во урината.Некои антибиотици покажуваат кокаин,а редергинот амфетамини.

„Сите видови антибиотици,аналгетици,антитусици,односно лекови против кашлица,ако содржат кодеин ќе дадат позитивна реакција,но не значи дека некој треба веднаш  да се прогласи за наркоман или за зависник“.

Родителите се во паника и во дилема каде да го потврдат евентуалното присуство на дрога. Не сакаат да одат во лабораториите со упат преку матичен лекар зашто резултатите ќе влезат во досието.

,,Овие апарати во форензичарската токсиколошка лабораторија во судска медицина, најчесто ги смируваат родителите коишто купуваат комерцијални тестови за дрога,на кои децата покажале позитивни резултати.Овде детално може да се утврди што содржат нивната крв и урина“.

И слатките со многу афион покажуваат присуство на опијати. Кај соковите е важно количеството,нопоштетни се шеќерот и газираноста. Производителот на најпознатиот пијалак во светот пред 30-тина години  ја  смени формулата заради присуството на кокаин.

,,Кока-колата веќе не ги содржи тие супстанции коишто даваат позитивен резултат.На пример конкретно сега, тоникот може да даде,чаевите што содржат кодеин,сирупите за искашлување“-изјави за МРТ доц.д-р Верица Попоска-специјалист по судска медицина

20 до 30% од анализите во оваа лабораторија се за тестови на дроги од загрижени родители.Децата понекогаш и ги злоупотребат овие сознанија за да се извлечат, но затоа се прават поединечни тестови коисе многу прецизни, но и поскапи.

Соња Стојановска