Протест за Фросина во Кавадарци
Правда за Фросина, судството да не одредува благи казни за сторителите, побараа од протестот во Кавадарци…

Со пароли „Фросина сме сите ние“, „Правда за Фросина“, жителите од Тиквешијата излегоа на протест во центарот на Кавадарци, за да упатат предупредување до надлежните, премногу млади животи згаснаа по улиците, од брзо возење на возачите. Но и до судството да не замижува и одредува благи казни за сторителите
Со три минутно молчење замреа свирежите на плоштадот во Кавадарци. Потоа другарките на Фросина во небо пуштија 22 црвено – бели балони, колку што години имаше младата неготинка, која трагично го загуби животот средата пред полноќ, на Партизанска во Скопје. За таткото ова е убиство а Росица, сестрата на Фросина побара казни и за родителите на момчето, кое е во притвор оти се верува дека е сторител.
И денес на протестот, овој пат во Кавадарци, дојдоа родителите на Викторија Николова, девојка од Радовиш која пред три години го загуби животот на пешачки на Партизанска, пред Сити мол. Велат, тоа што не успеавме за нашата Викторија, да не се повтори во случајот со Фросина.
Петар Печков
