Временска прогноза
Променливо облачно со слаб локален дожд
03.02.2025 07:53
Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец...

Променливо облачно со слаб локален дожд, а по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од-1 до 6 степени, а максимумот од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината магливо со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
