ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Закуп на земјиште над 3 хектари

03.02.2025 08:11

Државата нуди под закуп земјоделско земјиште со големина од над 3 хектари во 10 региони. Рокот за поднесување на апликациите е 45 дена од неговото објавување на 28 декември лани. Намена е за одгледување на земјоделски култури, аквакултура или рурален туризам за период до 30 години...

Државата нуди под закуп земјоделско земјиште, распоредено во 10 региони и тоа во: гази баба, Струмица, Пехчево, кисела вода, Гевгелија, Чаир, Валандово, Куманово, Радовиш и во Штип.

Парцелите се со големина од над 3 хектари, а максималната површина за којашто еден понудувач може да аплицира е до 30 хектари.

Предвидената намена е за одгледување на земјоделски култури, аквакултура или рурален туризам за периодот до 30 години.

Право на учество имаат домашни физички и правни, и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на јавениот оглас во висина не помала од износот на деветмесечна закупнина.

Почетната цена е од 3 450 во Пехчево до 22.200 денари за хектар во Валандово во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето. Еден земјоделец може да достави една понуда, а да аплицира за еден или за повеќе региони. Огласот трае 45 дена од неговото објавување на 28-ми декември 2024 година.

 

Методија Трајков