ИЗРАЕЛ

Неизвесно кога ќе почнат преговорите од втората фаза од договорот меѓу Израел и Хамас

03.02.2025 08:27

Израелскиот премиер Нетанјаху е во посета на САД, на средба со американскиот претседател Трамп.

И натаму неизвесно кога ќе почнат преговорите од втората фаза од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Рокот истекува денеска, на 16-от ден од првата фаза.

Израелскиот премиер Нетанјаху е во посета на САД, на средба со американскиот претседател Трамп.

Шефот на Белата Куќа вели дека разговорите за Блискиот Исток со Израел и неколку други земји се движат напред.