Економско-социјалниот совет ќе расправа за минималната плата
Работодавците, синдикатите и Владата денеска треба да седнат на заедничка маса за да разговараат за зголемувањето на минималната плата која во моментот изнесува 22.567 денари…

Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница на која ќе се разгледаат можностите за зголемување на минималната плата, што како барање го поставија синдикатите.
Синдикатите бараат минималната плата да се зголеми на 450 евра, а дел од бизнис секторот се изјасни дека ќе го прифати ваквиот предлог, но да се намалат придонесите.
Од Владата велат дека ќе остават да се договорат синдикатите и работодавците.
Минимална плата ќе биде онаа плата којашто ќе ја договорат работодавците и работодавците. Ние сме страна којашто може да го посредува тој процес и како таков да го поддржи кога ќе заврши, ако има решение. Секое решение коешто тие ќе го поддржат, ние ќе го прифатиме, нагласи премиерот Мицкоски.
Согласно законот, во март треба да има усогласување на минималната плата, која според пресметките, треба да се зголеми за 1.800 денари, што според синдикатите е малку во однос на трошоците на живот.
