СП Ракомет

Четврта последователна титула за Данска

03.02.2025 08:39

Во предградието на Осло ја совладаа Хрватска со 32:26 (16:12) и испишаа историја со тоа што станаа првата селекција која четврти пат по ред е крунисана како светски првак.

Данска продолжува да доминира во светскиот ракомет. Во предградието на Осло ја совладаа Хрватска со 32:26 (16:12) и испишаа историја со тоа што станаа првата селекција која четврти пат по ред е крунисана како светски првак.

Хрватска направи сензација во полуфиналето кога во Загреб ја победи Франција, но едноставно не можеше да го направи тоа против Данците. Не успеаја да ја надминат негативата од два до три гола на почетокот на мечот, а Матијас Гидсел, Емил Јакобсен, Симон Питлик, Никлас Киркелоке и другите асови рутински ја водеа Данска до нова титула.

Веќе на стартот од вториот дел, Данците со добра одбрана искористија двајца играчи повеќе на теренот поради исклучувања и во 38. минута поведоа со 22:14, па 24:14, а потоа рутински го одржуваа водството, иако му дозволија на својот ривал да го ублажи поразот.

Матијас Гидсел постигна 10 гола за Данска, Јакобсен остана на петте од првото полувреме, Мадсен додаде четири, Питлик три, Јоргенсен, Киркелоке по два.

Мартиновиќ со шест и Шоштариќ со пет гола беа најефикасни во редовите на вицешампионите.

 

Фото: ИХФ