Франциски „Elle“ им ја препорачува Македонија на своите читатели
Македонија, мала земја во срцето на Балканот, непозната и затскриена, навистина вреди да се посети, пишува во најновиот број на познатиот француски магазин „Elle“. Природа од која застанува здивот, бисери и скапоцени камења, здрава храна и богато културно наследство е она си што, според франсуцкиот магазин, Македонија ги привлекува туристите.
Посетете ја Македонија за да бидете авангардни, пишува француското списание.

„Македонија е сé уште непозната дестинација за туристите. Идеална за оние кои мислат дека виделе сé, дека испробале сé, кои ќе откријат една мала земја полна со скриени адути“, сугерира „Elle“.
Магазинот ја опишува македонската природа од којашто застанува здивот:
„Пејсажите се преубави, природата недопрена. Три национални паркови, педесетина езера, зелени планини, сето ова ја прави еден мал рај на земјата, екосистем кој овоможува да се набљудуваат ендемски видови. Места кои не смеат да се испуштат : кањонот на Матка, Охридското езеро (најстаро и најчисто во Европа), Националниот парк Пелистер (заради мечките и рисовите во него), регионот на Маврово ...“
„Elle“ се осврнува и на познатиот Охридски бисер и неговата изработка, но и на здравата храна и доброто винов.
Магазинот го нагласува и богатото култирно наследство, споменици, манастири, цркви, џамии и амами, кои воодушевуваат и треба да се посетат.