УКРАИНА

Напад со дронови врз енергетски објекти во Русија

03.02.2025 09:23

Од Москва велат дека пресретнале и уништила 70 дронови.

Украина синоќа изврши голем напад со беспилотни летала врз енергетски инфраструктурни објекти во Русија. Од Москва велат дека пресретнале и уништила 70 дронови.

Руската Федерална агенција за воздушен транспорт привремено ги прекина летовите на аеродромите во поголемите градови.

Слични ограничувања беа воведени и на аеродромот во Волгоград, каде што беа пријавени експлозии и во нафтена рафинерија, заедно со прекин на електричната енергија.