Свет

Британскиот премиер ја отфрли можноста за враќање во ЕУ

03.02.2025 19:00

Стармер ја отфрли можноста повторно да се приклучи на европскиот блок, но рече дека сака да воспостави поблиски, подобри односи со ЕУ во областа на одбраната, енергијата и трговијата...

Британскиот премиер Кеир Стармер синоќа беше домаќин на германскиот канцелар Олаф Шолц за да разговараат за трговијата меѓу Обединетото Кралство и Европската унија и трансатлантските односи по најавата на САД дека ќе воведат високи царини за увоз на странска стока.

Стармер ја отфрли можноста повторно да се приклучи на европскиот блок, но рече дека сака да воспостави поблиски, подобри односи со ЕУ во областа на одбраната, енергијата и трговијата.