Нов рекорд на Богдановски!
Нашата пливачка Анастасија Богдановски постави нов државен рекорд на 100 метри слободно. Настапувајќи на шампионатот во долги базени во Соединетите Американски Држави во Сент Морис, таа ја преплива патеката за 56 секунди и 50 стотинки што е за 11 стоти делови од секундата подобро време од нејзиниот претходен рекорд поставен во Шарлот во мај оваа година.
Со овој резултат Богдановски заработи норма за Светското првенство во 2015-та во рускиот град Казањ, а со него таа ќе влезе и во рангот на македонски спортисти од меѓународна категорија.