Белгија
Барт де Вевер е новиот премиер на Белгија
03.02.2025 11:49
Белгиските политички партии во петокот постигнаа договор за влада на широка коалиција, по речиси осум месеци преговори. 54-годишниот лидер на партијата Нова фламанска алијанса, 12 години беше градоначалник на Антверпен...

Лидерот на фламанските конзервативци, Барт де Вевер е новиот премиер на Белгија.
Белгиските политички партии во петокот постигнаа договор за влада на широка коалиција, по речиси осум месеци преговори. 54-годишниот лидер на партијата Нова фламанска алијанса, 12 години беше градоначалник на Антверпен.
Новата Влада покрај Де Вевер ја сочинуваат и петмина вицепремиери, кои ќе имаат и министерски задолженија, како и 10 ресорни министри или вкупно 16 члена, од кои 12 мажи и четири жени.
