Кривичен суд

Со изведување на нови видео докази продолжи судењето на двојното убиство

03.02.2025 12:06

На видеозаписи обезбедени од безбедносните камери на Хотел Парк, се гледа како возилата Цитроен и Рено Кангу влегуваат во Дебар Маало, на улицата Наум Наумовски Борче, од каде е извршено грабнувањето на девојчето...

Со изведување на видеоматеријали од безбедносни камери, предложени како докази од Обвинителството, денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

На видеозаписи обезбедени од безбедносните камери на Хотел Парк, се гледа како возилата Цитроен и Рено Кангу влегуваат во Дебар Маало, на улицата Наум Наумовски Борче, од каде е извршено грабнувањето на девојчето на 27 ноември 2023 година.

Првообвинетиот за случајот, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на минатото рочиште, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага.

Судијата Стефановски на почетокот на денешното рочиште рече дека решението е писмено доставено до Палевски, по што се продолжи со изведување на доказите.

Пред почетокот на денешното рочиште, пак, неколку членови на политичката партија „Десна“, протестираа пред судот.