Русија

Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва

03.02.2025 20:41

Едно лице загина, а четворица се повредени во експлозија во станбена зграда во северозападниот дел на Москва, јавија руските медиуми, повикувајќи се на итните служби.

Едно лице загина, а четворица се повредени во експлозија во станбена зграда во северозападниот дел на Москва, јавија руските медиуми, повикувајќи се на итните служби.

Причините за експлозијата засега остануваат непознати.

Во декември Украина ја презеде одговорноста за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов во бомбашки напад пред станбена зграда во Москва.

Засега нема коментар од Киев.