мвр

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

03.02.2025 19:25

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници...

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.02.2025 (вторник) од 06.00 часот поради најавен настан за организирано чествување на раѓањето на Гоце Делчев, што ќе се одржи во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно за сообраќај ќе биде затворена ул. „Самоилова“ на потегот од ул. „Иљо Војвода“ (Виадукт-Самоилова) до крстосница со ул. „Прохор Пчински“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.