Управа за извршување санкции

Пандов: Суспендиран затворски полицаец

03.02.2025 13:18

Протестите на кои се бара правда за жртвите во сообраќајните несреќи и институционална одговорност и најостра казна за несовесните возачи, ги испровоцира институциите на поголема транспарентност како се постапува во рамки на судскиот систем, но и колку законите доследно се применуваат...

Јавноста сè уште на нозе по смртно прегазената Фросина Кулакова. Протестите на кои се бара правда за жртвите во сообраќајните несреќи и институционална одговорност и најостра казна за несовесните возачи, ги испровоцира институциите на поголема транспарентност како се постапува во рамки на судскиот систем, но и колку законите доследно се применуваат. Каде се пропустите во системот? Обвинителството истражува дали несреќата се случила со умисла или во небрежност. И Управата за санкции со нови детали околу начинот на кој притворениот возач Јованов добил мобилен телефон во затворот во Шутка.

Виткорија Милевска известува.