РКЕ

Од полноќ поевтинуваат горивата

03.02.2025 13:43

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Од полноќ горивата поевтинуваат за половина, денар или денар и половина.

Дизелот се намалува од 74,5 денари на 73 денари.

Бензинот се намалува од 80 денари на 79 денари.

Бензинот 98+ се намалува од 82 денари на 81,5 денари.

Плинот останува со иста цена од 46 денари.

Метанот останува со иста цена од 68,5 денари.

Екстра лесното масло се намалува од 73,5 денари на 72 денари.