Здравство

Во Прилеп протест на здравствените работници

03.02.2025 15:31

Околу 120 здравствени работници кои со години работеа со договор на дело во прилепската болница денеска протестираа пред болницата барајќи исплата на сработеното, но и решавање на нивниот статус. Договорите не им ги продолжувале, ама биле ангажирани, но неплатени и избркани без отказен рок …

Да ни се исплати и јануари и да ни се реши статусот, побараа здравствените работници кои со години работеле со договор на дело во прилепската болница. Од декември на 120-тина не им биле продолжени договорите, но цело време ги ангажирале. Денеска биле непријатно изненадени со отказ, без отказен рок, а со работни задачи.

Медицинскиот персонал бара решавање на статусот.

Прилепската болница одамна го нагласува фактот дека има недостиг од персонал. Здравствените работници не се откажуваат од своите права.

 

Елизабета Митреска