Култура

Над 800 милиони денари од државната каса за проекти од областа на културата

03.02.2025 16:50

Министерството за култура ги објави резултатите до годинашниот конкурс за проекти во културата, ќе се финансираат со буџет тежок над 800 милиони денари. Буџетот е поголем за 74 милиони во однос на минатата година...

Над 800 милиони денари од државната каса за проекти од областа на културата. Буџетот е поголем за 74 милиони во однос на минатата година. Има пари и за креативните индустрии. Ќе биде објавен посебен конкурс, рече министерот за култура Љутков.

Зголемен буџет за проектите од дејностите драмска за 40 проценти, меѓу другото за 25 насто за издавачка дејност.

Преку системот за електронско аплицирање пристигнале над 2.800 пријави, поддршка добиле 1.365 проекти.

Во тек е објавениот тендер за градежно-конструктивни елементи на Универзалната сала, за испитување на челичната конструкција.

 

Александра Спировска