В петок нов бојкот на маркетите
Во осумте поголеми синџири на маркети во петокот е забележан пад на прометот за 46,59%, велат од УЈП. Но, таа сума е надокнадена во саботата, односно граѓаните пазареле двојно повеќе отколку во денот на бојкотот.

Повик за нов бојкот на сите маркети в петок. Граѓаните да се воздржат од купување на производи во големите трговски синџири. Дел со поддршка, но и со дилема, ќе има ли позитивен ефект на долг рок спроведувањето на оваа иницијатива.
Во осумте поголеми синџири на маркети во петокот е забележан пад на прометот за 46,59%, но граѓаните двојно им го надополниле профитот во саботата. Според УЈП, трговците пријавиле за речиси 114 милиони 300 илјади денари повеќе остварен промет.
ПРОМЕТ ВО ПЕТОК: 114,293,367 ДЕНАРИ.
ПРОМЕТ ВО САБОТА: 281.638.578 ДЕНАРИ.
РАЗЛИКА ПЕТОК-САБОТА: 167,345,211 ДЕНАРИ.
Од Државниот пазарен инспекторат за МТВ велат, се вршат контроли кај производителите на храна, дистрибутерите и маркетите.
„Ќе одиме со проверка на профитните маржи, при што инспекторатот ќе направи детална анализа за што ќе ги информираме Министерството за економија и Владата. Планирани се и контроли со Комисијата за заштита на конкуренцијата“, велат од ДПИ.
Од Организацијата на потрошувачи со став, има ефект од бојкотот, но мора да се прави стратегија на долг рок.
Бојкотот за воздржување од купување од големите маркети беше поттикнат од Хрватска, а за кратко време се прошири низ речиси сите земји од регионот.
Борис Грујоски
