НБРМ промовираше ковани пари за колекционерски цели

01.08.2014 13:16

Како што соопшти гувернерот Димитар Богов, парите се, пред се, наменети за нумизматичарите од европскиот пазар, но ќе се продаваат и на домашниот доколку има интерес...

Од денеска на европскиот пазар може да се најдат македонски колекционерски монети. Народната банка ги промовираше првите колекционерски монети. Првата и најголема е со ликот на „Св. Кирил и Методиј“, изработени се уште две со аверс на зодијачките знаци „Лав“ и „Девица“.

Како што соопшти гувернерот Димитар Богов, парите се, пред се, наменети за нумизматичарите од европскиот пазар, но ќе се продаваат и на домашниот доколку има интерес.

„Св.Кирил и Методиј“, од сребро и позлата, е изработена во две големини, од половина килограм која чини 49.000 денари и од една унца вредна 3.800 денари ако е во луксузно пакување, односно 3.450 денари доколку е во обично пакување.

„Лав“ и „Девица“ ќе се продаваат по 2.700 денари.

Изработени се вкупно 12 монети, секоја во по 50 примероци, и засега може да се купат во Народната банка.

Активностите за изработка на кованите колекционерски пари почнаа пред две години.

Во минатото Народната банка издаваше само јубилејни монети.