Смртта на Фросина Кулакова го вклучи алармот во правосудниот систем
Протестите на кои се бара правда за жртвите во сообраќајните несреќи и институционална одговорност и најостра казна за несовесните возачи, ги испровоцира институциите на поголема транспарентност како се постапува во рамки на судскиот систем, но и колку законите доследно се применуваат...

Смртта на Фросина Кулакова го вклучи алармот во правосудниот систем. Судијката Даниела Алексовска Стојановска е разрешена од работната група во Правда која работи на измените на Кривичниот законик. Нејзиното име ја брануваше јавноста откако за две кривични дела на Васил Јованов му досудила само воспитна мерка. Ова го правам со цел да не се дискредитира процесот на реформи во правосудството, крајно време е да се преземат мерки за лоцирање на виновниците, вака министерот Филков ја образложи одлуката за нејзиното разрешување.
Неизвесно е дали Судскиот совет ќе отвори постапка за Алексовска Стојановска. Претседателот Камбовски вели доколку се утврди одговорност ќе има санкции. Претседателката на Академијата за судии и јавни обвинители не верува оти судијката била виновна, туку дека работела согласно законите.
Истрагата за тоа како Јованов добил мобилен телефон додека е во притвор, продолжува. Засега суспендиран е полицаец од затворот Шутка кој во кутија со колачи му го доставил на Јованов. Од Управата за извршување санкции не ја исклучуваат можноста да има и други инволвирани во настанот.
Јавното обвинителство против осомничениот Васил Јованов води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот, информираше Коцевски.
Истрагата за тоа како Јованов добил мобилен телефон додека е во притвор, продолжува. Засега суспендиран е полицаец од затворот „Шутка“ кој во кутија со колачи му го доставил на Јованов.
Од Управата за извршување санкции не ја исклучуваат можноста да има и други инволирани во настанот.
Викторија Милевска
