Обвинителството со нови докази на денешното рочиште за двојното убиство
Во Кривичниот суд продолжи рочиштето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежоски. На денешното рочиште Обвинителството презентира видеоматеријали од безбедносните камери презентирани нови докази...

Од Чаир преку Бит Пазар па до седиштето на партијата „Десна“. Обвинетите Љупчо Палевски и Велибор Манев со Рено Кангу избегале од местото каде што ја убиле малолетната Вања, тврди Обвинителство. На главната расправа беа емитувани снимки од безбедносни камери за кои Обвинителството тврди дека се возилата кои се инволвирани во случајот.
На 27 ноември цитроенот, сопственост на убиениот Панче е лоциран околу зградата во која живеела Вања, а потоа се упатил кон Горно Оризари каде се среќава со другото возило. Двата автомобили неколку дена претходно се снимени во Велес.
Одбраната на Палевски приговараше на снимките. Вели немаат доказна вредност, а освен тоа од овие записи обвинетите не може да се идентификуваат.
Процесот продолжува во петок со изведување на нови докази. Тогаш треба да биде сослушан и сведокот Гоце Трајковски, кој до неодамна беше во бегство.
Анита Димитријевска – Велковска
