Поевтини катастарски услуги и геодетски елаборати
Новина во тарифникот, како што наведе Трпески, се имотниот лист за инфраструктуни објекти, за кој за хартиена форма ќе се плаќа 226 денари, а за електронска верзија 194 денари...

Намалени се цените на катастраските услуги и на геодетските елаборати. Од 18-ти август за 16,1 насто, а документите што ќе се добиваат електронски, ќе бидат поевтини речиси за 20 проценти.
Новите цени се утврдени со тарифниците за висината на надоместите за користење и увид во податоците на геодетско катастарскиот информациски систем и за извршените геодетски работи од што ги изготви Агенцијата за катастар на недвижности и ги одобри Владата.
За документите што се добиваат во електронска форма намалувањето на цените е за 19,3 проценти, а кај цените во хартиена форма има просечно намалување на цените од 14,5 проценти. Кога податоците се во електронска форма, а барателот сака да се издадат во хартиена форма кај дел од производите покрај намалување има и благо зголемување, рече денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.
За добивање имотен лист, наместо 175 денари, за хартиена форма ќе се плаќа 180 денари, а за електронска 150 денари, односно за 25 денари помалку. За 32 денари ќе биде пониска цената на копијата на катастарскиот план, што сега е 215 денари.
Новина во тарифникот, како што наведе Трпески, се имотниот лист за инфраструктуни објекти, за кој за хартиена форма ќе се плаќа 226 денари, а за електронска верзија 194 денари. Извод од катастарски план преклопен со план на инфраструктурни објекти ќе чини 366 денари, додека список на катастарски парцели низ кои поминува инфарструктурен објект 50 денари.
