Одбележување

153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог, Гоце Делчев

04.02.2025 07:57

Денеска се навршуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог, Гоце Делчев. Во црквата Свети Спас, каде што се наоѓаат моштите на Делчев, свежи цвеќиња ќе положат премиерот Мицкоски, делегација од кабинетот на претседателката, од Собранието, политички партии и граѓани. Заедничко одбележување на Скопје и Софија ќе нема, бидејќи како што велат од бугарската влада, не добиле покана од Македонија...

Денеска се навршуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог, Гоце Делчев. Во црквата Свети Спас, каде што се наоѓаат моштите на Делчев, свежи цвеќиња ќе положат премиерот Мицкоски, делегација од кабинетот на претседателката, од Собранието, политички партии и граѓани. Заедничко одбележување на Скопје и Софија ќе нема, бидејќи како што велат од бугарската влада, не добиле покана од Македонија.

Пред две години имаше делегација од нашиот источен сосед, а на граничниот премин Деве Баир имаше тензии и беа уапсени тројца бугарски државјани за нарушување на јавниот ред и мир. Гоце Делчев е постојана тема и на мешовитата Македонско-бугарска историска комисија.