Македонија

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината

04.02.2025 08:05

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дебар и околината со интензитет од III степени...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 1 часот и 50 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Дебар на 80 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дебар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.