Грција

Грција не престанува да се тресе, 39 земјотреси во последните 72 часа

04.02.2025 10:40

Туристичкиот остров Санторини во изминатите 72 часа го погодија дури 39 земјотреси посилни од четири степени по Рихтер...

Сеизмичката активност на Кикладите не запира. Туристичкиот остров Санторини во изминатите 72 часа го погодија дури 39 земјотреси посилни од четири степени по Рихтер.

Грчките медиуми тврдат дека островот во Егејско Море го напуштиле околу 9.000 туристи и жители кои стравуваат дека потресите се предзнак за посилен удар.

Премиерот Мицотакис повика на смиреност и апелираше граѓаните да ги следат упатствата на Цивилната заштита.