УКРАИНА

Трамп бара од Украина суровини во замена за помош во војната

04.02.2025 08:39

Американскиот претседател Трамп изјави дека сака да постигне договор со Украина за добивање пристап до металите познати како „ретки земјени“, како услов за континуирана поддршка за војната против Русија.

Украинскиот претседател Зеленски во интервју за Асошијетед Прес вели дека воената помош од САД за Киев не е замрзната, но дека Украина добила само 42 насто, или 76 милијарди долари, од парите одобрени од Конгресот. Вашингтон официјално го назначи пензионираниот генерал-полковник Кит Келог за специјален претставник за Украина и Русија.

Келог вели дека двете земји ќе мора да направат отстапки доколку се надеваат за договор за решение на војната.