МНР
Муцунски на средба со генералниот секретар на ОН, Гутереш
04.02.2025 09:29
Муцунски вели дека ја реафирмирав нашата цврста посветеност на принципите на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата...

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски во Њујорк имаше средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Муцунски вели дека ја реафирмирав нашата цврста посветеност на принципите на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата.
„Земјава останува подготвена да даде активен придонес во зајакнувањето на мултилатерализмот и унапредувањето на глобалниот дијалог“, вели министерот за надворешни Муцунски по средбата со Гутереш, со кого разговарале за улогата на организацијата во време на комплексни глобални предизвици.
