УКРАИНА
Рускиот ракетен систем „Орешник“ ќе биде распореден на територијата на Белорусија
04.02.2025 10:24
Рускиот ракетен систем „Орешник“ ќе биде распореден на територијата на Белорусија...

Рускиот ракетен систем „Орешник“ ќе биде распореден на територијата на Белорусија. Од руското МНР велат дека се подготвени да му ја дадат на Минск потребната поддршка и да преземат мерки за заштита на заедничкиот одбранбен простор. Украинскиот претседател Зеленски вели дека земјата прави се за да ја зајакне одбраната.
Американскиот претседател Трамп изјави дека сака да постигне договор со Украина за добивање пристап до металите познати како „ретки земјени“, како услов за континуирана поддршка за војната против Русија.
