Македонија

Утрово почувствуван земјотрес во Штип

04.02.2025 09:55

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала се почувствува во 9 часот и 18 минути во Штип и околината, регистриран и во Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје...

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала се почувствува во 9 часот и 18 минути во Штип и околината, регистриран и во Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје.

„Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7 и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија.

Потресот беше краток. Ова е втор земјотрес од ноќеска по оној во Дебар во 1 часот и 50 минути.