Првакот ги промовираше засилувањата за новата сезона во Лигата на шампионките

Новите „вардарки“ со став: Презадоволни сме во овој тим со квалитетни ракометарки и со високи амбиции

01.08.2014 14:00

„Ако лани сите не гледаа со поинакви очи, сега ќе не сметаат како екипа од самиот врв. Можеби е нескромно, но и наредната сезона сме решени да играме на „фајнал фор“ турнирот. Со новите ракометарки, можеме да ја оствариме целта“, порача тренерката на Вардар СЦБТ Индира Кастратовиќ, на промоцијата на петте нови засилувања на полуфиналистот во Лигата на шампионките минатата сезона. Нашиот првак ги претстави Хрватката Андреа Пенезиќ, Русинките Олга Черноиваненко и Алена Ихнева, Германката Ања Алтхаус и Словенката Барбара Лазовиќ.

„Драго ми е што дојдов во Скопје и што сум дел од овој тим. За неколку дена стекнав одлични впечатоци за се. Атмосферата е одлична, позитивна. Се надевам дека добро ќе се подготвиме и очекувам успешна сезона“, изјави Хрватката Пенезиќ (28), којашто до лани ги бранеше боите на Крим, заедно со словенечката репрезентативка Лазовиќ.

„Луѓето и ракометарките многу убаво ме прифатија. Сега ни преостанува да тргнеме чекор по чекор со подготовките, да не најавуваме премногу и мислам дека се ќе биде ОК“, рече Лазовиќ (25). 

Лада Тољати го збогатува фондот на квалитетни „вардарки“ со две Русинки.

„Среќна сум што сум овде и драго ми е што сум дел од овој тим. Во Вардар има многу квалитетни ракометарки. Овде се ми се допаѓа – атмосферата, клубот, градот, се чувствувам многу добро. Знам за успесите од лани и се надевам дека годинава ќе ги надградиме“, смета Черноиваненко (25).

И нејзината сонародничка Ихнева (19) е презадоволна од прекрасната атмосфера којашто владее во клубот. „ Драго ми е што и јас дојдов во тим со големи амбиции којшто сака и се надева дека со помош на стручниот штаб ќе постигне врвни резултати“, изјави таа на претставувањето.

Најискусна во новиот бран засилувања е германската репрезентативка Ања Алтхаус (32), којашто доаѓа од Турингер, со кого Вардар играше и лани, а ќе се сретне и годинава во групната фаза од елитната европска конкуренција.

„Се нетрпение очекувам да почнам со натпреварите во Лигата на шампионките. Екипата ми буди многу пријатни чувства, овде има толку многу добри ракометарки и горда сум што ќе играм овде“, изјави Алтхаус.