МВР
Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар
04.02.2025 11:14
Полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с. Жиганци, општина Чешиново – Облешево...

Синоќа во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с. Жиганци, општина Чешиново – Облешево.
Тој се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип – Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема.
Лицето било задржано во Полициската станица Кочани и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 288 од Кривичниот законик.
